Аца Лукас жестоко ги испрозивал колегите од натпеварите во “Ѕвездите на Гранд“.
Популарниот пејач, не штедел зборови за коментарите на членовите на жирито кои седат во натпреварувањата. Ги нарекол кловнови, а поедини ги обвинил дека наплатуваат совети на младите натпреварувачи.
Тој се осврнал и на своето учество и заминување од местото член на жирито во ЅГ.
– Го напуштив жирито од многу причини. Еден од нив е поради тоа што се заситив, а второ е што идејата во која верував не постоеше. Тие деца кои доаѓаа дбиваа убава приказна, да се појават на телевизија, и после три емисии да станат популарни, тоа немаше во мое време. Некои можеа да станат и поголеми ѕвезди, да сакаше Гранд да ги подготви како што треба. Од “Ѕвездите на Гранд“ единствени кои направиле кариера се Милица Павловиќ. Милица е единствена која направи вистинска кариера. Тања Савиќ намерно не ја изоставив, бидејќи таа можеше да биде најпопуларна пејачка во оваа земја само да ја подготвеа како што треба – рекол Лукас, а потоа се осврнал на жирирањето на популарното музичко шоу.
– Во “Граднд“ беше “потпиши само договор, половина мене, половина тебе, па нека се и илјада евра по 500, а можеше да биде и 15 илјади евра. Но во тоа несакав да се мешам, јас не сум тој кој учествував, но кога доје да зборувам дека ние шесмината од жирито станавме главна тема во таа емисија, поточно шест кловнови кои се глупираат, и тоа дека никој од децата да не го запаметиме, па и јас ги заборавив тие три победници кои ги знаев. Тоа е шоу програм за шест кретени, меѓу кои бев и јас, шест кловнови кои изведуваат некои глупости, а тие деца воопшто не беа важни. Тие се сега главни фаци од жирито. Сега се испокарале со некоја девојка и тоа медиумски се следи. Додека бев во жирито таа емисија беше хумористична, сега е дерење, рипање. Во жирито има луѓе за кои имам лошо мислење, но нема да ги споменам. Јас излегов од жирито бидејќи не сум тип кој наплатува совети на децата, а го имаше и тоа, тоа е лигаво – заклучил Аца Лукас.