Австриец пронашол златна плочка во стар кауч, вредна речиси 50.000 евра

Австриец нашол златна плочка вредна 48.000 евра во кауч купен на пазар.

Златото било еден килограм и било скриено во каучот. Човекот од Нојкирхен го купил каучот на пазар, потврдил главниот инспектор на полицијата во Нојкирхен, Клаус Деген за австрискиот весник „Nideresterajhishe Nachrichten“.

Но, на златната плочка ѝ недостасувало една важна работа за да може да се продаде, односно не останал соодветниот сертификат, поради што никој не можел да ја продаде на банката.

Пазарот бил организиран по смртта на една жена, па полицијата му ја вратила златната плочка на нотарот кој се грижи за нејзиното наследство.

Слични Вести
Menu