Адел отворено проговори за разводот

Пред објавувањето на нејзиниот нов албум 30, Адел даде интервју за списанието Ролинг Стоун за создавањето на албумот и разводот од Сајмон Конецки.

Пејачката ги коментира реакциите во јавноста околу објавата за развод, пријателството со Џенифер Лоренс во Лос Анџелес и нејзината нова романса со спортскиот агент Рич Пол.

Адел вели дека на почетокот била повредена од реакциите на обожавателите кои биле воодушевени од нејзиниот развод бидејќи мислеле дека тоа е храна за нејзиниот нов албум.

„За време на вакво нешто, толку значајно нешто што се случува во животот, вашиот ум некако оди на тие места, „Зошто не ме сакаат? Зошто би го напишале тоа ако ме следат 10 години?“ – изјави Адел. „Но, во реалноста, тоа не е нивна одговорност. Во реалноста, нивна одговорност е како обожавател да сакаат добра плоча и да се надеваат дека ќе ја снимам. Затоа ги прифатив тие коментари со малку тегоба и се беше во ред“.

Слични Вести
Menu