(ВИДЕО) Со заби влечел тенк тежок повеќе од 40 тони

Спортистот од Унгарија, Золт Синка, со заби го влечел тенкот „Т-72“, тежок над 40 тони.

Овој настан бил организиран во касарната на 25-та бригада Ѓерѓ Клапка, а предизвикот што успешно го направил Синка, бил пренесуван во живо на телевизија.

Стоејќи пред тенкот, Золт го ставил јажето во уста и го повлекол.

Тенкот се поместил.

За потсетување, во 2013 година, Золт со заби влечел и авион тежок 50 тони.

Слични Вести
Menu