Брижит Макрон во безвременско класично модно издание

Брижит Макрон со најновиот стајлинг докажа дека нејзиниот стил е ненадминлив.

Првата дама на Франција, Брижит Макрон (68) одржала службен состанок со Даглас Емхоф, сопругот на американската потпретседателка Камила Харис во Елисејската палата.

Сопругата на Емануел Макрон носела стајлинг кој се состоел од класични модни парчиња.

Имено, Брижит го угостила Даглас облечена во црни класични кожни панталони и капут со двојни копчиња.

Комбинацијата ја заокружила со црни чевли на потпетица, а целиот црн стајлинг го „разбила“ со бела кошула.

Со овој стајлинг првата дама на Франција уште еднаш покажа дека е вистински мајстор за комбинирање на класичните и интересни детали кои целата комбинација ја прават впечатлива и шик.

Слични Вести
Menu