„Спајс грлс“ преговораат за светска турнеја во 2023 година

„Спајс грлс“ водат доверливи разговори и може повторно да се обединат на светска турнеја во 2023 година.

Мел Би, Ема Бантон и Гери Хорнер беа забележани како пристигнуваат во хотелот „Мандевил“ во Лондон на состанок минатата недела, а колешката од женсиот поп бенд Мел Си, наводно, се придружила од Лос Анџелес преку Зум.

Во изјава за весникот „Сан он сандеј“ еден инсајдер рече: „Четирите веќе некое време разговараат за светска турнеја, а оваа – многу доверлива – средба е запишана во дневникот за да ги испеглаат последните детали.“

„Сегашниот план е турнејата да започне во Австралија и да оди оттаму. Сите тие се многу возбудени што тркалата почнаа да се движат и се надеваат дека ќе ги израдуваат своите фанови со турнеја во 2023 година, поголема и подобра од таа во 2019 година“.

Тие, наводно, биле охрабрени да се обединат од нивниот суперфан Адел, која присуствувала на еден од концертите од нивната претходна светска турнеја.

„Една личност која дефинитивно ќе биде во публиката е Адел,“ додаде инсајдерот.

Викторија Бекам не присуствувала на состанокот во Лондон, но нејзините колешки од бендот наводно, се обидуваат да ја убедат да настапи на еден од концертите.

Модната дизајнерка не учествуваше на светската турнеја во 2019 година, со објаснување дека треба да се фокусира на смејството и на својата компанија.

Слични Вести
Menu