Фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ по концертот во Виена и по враќањето во Белград се пофали со нови чевли, од чија цена ќе ви се заврти во глава.
Како што беше објавено и пред тоа, Цеца од Виена се вратила со истиот лет како и поп-ѕвездата Јелена Карлеуша, а по пристигнувањето во својата вила покажала со што се „почастила“.
Цеца објавила снимка на Инстаграм и се пофалила со чевлите од познат светски бренд за кој платила околу 1.100 евра.
Чевлите се во крем боја, а Цеца посебно го снимала секој дел – мрежичка и светливи детали кои додатно ги краселе чевлите.