САША КОВАЧЕВИЌ ВРАТЕН ОД ГЕРМАНСКАТА ГРАНИЦА: Бил задржан 16 часа, останал и без работна дозвола – се огласи по ДРАМАТА!

Пејачот Саша Ковачевиќ доживеал непријатност при влегувањето во Германија, каде вечерва, 13 ноември имал договорен настап, но, за жал, мораше да го откаже дружењето со публиката.

Според домашните медиуми, проблемот настанал поради заострувањето на мерките против пандемијата во Германија. Не е возможно да влезат во земјава оние кои се вакцинирани со кинеска вакцина Синофарм, а сите членови на бендот Саша ја примиле оваа вакцина.

Иако направиле антигенски тестови, а Саша кој бил заразен со корона вирус, за што покажл и сертификат на граница, не им бил дозволен влез во Германија.

Саша и членовите на бендот поминаа повеќе од 16 часа во бесцаринската зона.

„За жал, новите прописи донесени од страна на Германија со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, не спречија да бидеме со вас вечерва во клубот “Kö“ во Дизелдорф поради тоа настапот е одложен. Направивме се што можевме, преноќивме на аеродром за да добиеме работна дозвола, но за жал безуспешно. “Kö“ клубот вечерва ќе работи вообичаено, но се надеваме дека наскоро се дружиме и пееме“, изјавија од ПР тимот на Саша Ковачевиќ.

Слични Вести
Menu