Автономните електрични летачки возила пристигнуваат во 2028

Корејската компанија Hyundai е мошне сериозна околу иднината на електричната летечка мобилност и го најави формирањето на новата компанија наречена Supernal која служи како еволуција на нивниот Urban Air Mobility оддел.

Supernal продолжува со развојот на S-A1 концептното возило кое го претстави на CES во 2020 година и има намера да го донесе на пазарот и да започне со сетифицирање со американски регулативи во 2024. Ова возило ќе биде напојувано исклучиво со струја и ќе биде способно за автономно летање. Во него ќе можат да се сместат четири до пет патници кои ќе минуваат урбани и приградски рути. Компанијата планира да ги лансира првите комерцијални летови во 2028, пред да почне да ги зголемува своите операции во 2030-тите години.

„Со додавање на нова димензија на мобилноста, ние сме во мисија да го трансформираме начинот на кој луѓето и општеството се движат, поврзуваат и живеат. Имаме одважни амбиции во Supernal, но да бидеме први на пазарот не е една од нив. Ние работиме да го создадеме вистинскиот производ и вистинскиот интегриран пазар, ќе ја користиме производствената експертиза на Hyundai Motor Group со цел да обезбедиме AAM (Advanced Air Mobility) да го достигне вистинското ценовно ниво и да биде достапно за широката народна маса“, изјави извршниот директор и претседател на Supernal, Џаивон Шин.

Фокус на развој на инфраструктурата

Инаку, S-A1 концептот кој беше прикажан пред 18 месеци е способен за вертикално полетување и слетување и е дизајниран за брзини до 290 километри на час на висина од 300 до 600 метри. Концептот е првично создаден да понуди опсег на движење од 96 километри. Supernal работи со различни акционери ширум светот со цел да го воспостави својот AAM систем. На пример, лансираше партнерство со Градот Лос Анџелес и Urban Movement Labs минатата година со цел да развие патоказ за јавен ангажман и пакет алатки за ААМ. Исто така, работи со британската и канадската влада во истражување и развој на инфраструктурата за ААМ.

Слични Вести
Menu