Ева Мендес и Рајан Гослинг се заедно веќе 10 години, а нивната љубовна приказна е особено интересна за луѓето поради тоа што за нивната врска малку се знае.
Рајан Гослинг и Ева Мендес се заедно 10 години, меѓутоа иако би помислиле дека за нивната љубовна врска се знае многу, сепак вистина е дека својата врска од самиот почеток ја чуваат од очите од јавноста, а информации даваат само некогаш за истата.
Тоа што верните обожаватели најмногу ги интересира е кога парот конечно ќе застане пред олтар и ќе го изговори судбоносното „да“ со оглед на тоа што се заедно од 2011 година.
Од врската тие имаат и две девојчиња, Есмералда и Аманда Ли, а иако веќе неколку пати се пишуваше за разните падови, тие без скандали и натаму успешно одат низ животната патека.
Пред околу 2 години светските медиуми пишуваа дека парот се скарал за роденденот на Ева, а причината наводно била конфликт на мислења затоа што актерката е параноична по прашање на папарацо фотографите и својот приватен живот на сите начини се обидува да го скрие од јавноста. Од друга страна, на Рајан таквото однесување не му се допаѓа.

„На Рајан му е доста од криење. Ја проколнува Ева да излезат од вилата и да се покажат во јавноста“, биле зборовите кои ги кажал извор за медиумите.
Нивните емоции се појавиле на снимањето на филмот „The Place Beyond the Pine“ и оттогаш нивната љубов цвета.
Иако избегнуваат да зборуваат еден за друг јавно, Ева своевремено признала колку Гослинг ја променил и кога станува збор за мајчинството.
„Ми се случи Рајан Гослинг. Мислам, се заљубив во него. Потоа едноставно имаше смисла да имаме и деца. Тоа е многу специфично“, изјавила Ева, па додала:
„Децата не се свесни дека родителите им се познати. Ние сме само мајка и татко и се обидуваме тоа да го задржиме во секаква смисла“, заклучила таа.