Оливера Балашевиќ, сопругата на Ѓорѓе Балашевиќ крена голема прашина во јавноста и нареди да се избришат сите видеа посветени на нејзиниот сопруг кој повеќе не е меѓу нас. Освен тоа таа од ги избриша и фотографииите кои им беа заеднички, а на потписот на новата книга „Планета двориште“ го стави нејзиното моминско презиме Савиќ.
На својот профил на Фејсбук објасни зошто го вратила своето моминско презиме.
На многумина не им беше јасно што се случува, а потоа Оливера се огласи на Инстаграм и на Фејсбук.
– На обвивката на книгата што е причина за моето огласување стои презимето Савиќ, моето моминско презиме и презимето на мајка ми, што ме чуваше во годините раскажани на страниците што следат… Го ставив тука од почит, наместо посвета, а малку и од суеверие, не баш како зајачка шепа, туку како крило на ангелот кој толку совесно бдеел над куќа во близина на Бегеј… Значи, нема никаков скандал, дури ниту мистерија околу тоа, или нешто што би можело да им конкурира на „задругите“ и короната во медиумите, во неколкуте преостанати весници и на таканаречените портали. Кога ќе се случи поради некоја причина да станете таканаречена „јавна личност“, најчесто ве поистоветуваат со „јавна сопственост“, па така се однесуваат со вас. Само ми олесна кога видов дека никој не објавил ништо за моите деца, за моето семејство, а со тоа и за мене, или за екстремниот недостиг на теми во оваа книга. Вистина е дека објавувањето вести главно се сведува на емитување од нечии лични објави на социјалните мрежи, но и овде има силни случајни и намерни грешки, малку од лигавост, малку повеќе од злоба…“, напишала Оливера.
Инаку, љубовната приказна на Балашевиќ и Оливера многумина ја опишаа како „филмска“. Оливера била неговата вечна инспирација во создавањето на најубавите љубовни песни со кои растеа генерации и генерации… Тие се запознале кон крајот на седумдесеттите години во Нови Сад, додека Оливера сè уште била студентка, а Ѓорѓе зад себе веќе имал два албуми со групите „Жетва“ и „Рани мраз“.
Инаку, Оливера Балашевиќ, во интервју за „Телевизија Курир“ пред неколку месеци се присети на деталите од нејзиниот живот со сопруг Ѓорѓе Балашевиќ и детството. Таа вели дека нејзиниот сопруг ѝ бил голема поддршка во животот и од особено значење кога почнала да пишува книги.
Оливера беше најголемата инспирација и поддршка на непрежалениот кантавтор. Своите најубави песни и целиот албум „Дневник старог момка“ ги посвети на својата сакана сопруга, а кога ќе ги прочитате првите букви од името на песните, ќе ја добиете реченицата „Оља је најбоља“.