Бредли Купер и Ирина Шајк прошетаа низ Менхетн фатени под рака, а широката насмевка на лицето на актерот беше јасен знак дека си поминуваат одлично и дека можеби решиле да ѝ дадат нова шанса на нивната врска.

Бреди Купер и Ирина Шајк ги разгореа гласините дека можеби ќе ѝ дадат уште една шанса на врската, откако беа забележани на прошетка во Менхетн фатени под рака.
Супермоделот и актерот заедно имаат 4-годишна ќерка, а по разделбата се во одлични односи и неретко заедно излегуваа со неа, но досега речиси никогаш не биле забележани само тие двајца.
35-годишниот модел носеше црни панталони, бела кошула и долг црн капут во комбинација со бели патики. И 46-годишниот актер беше во лежерно издание со сини панталони, блузон и темносин капут.
Ирина носеше заштитна маска, но насмевката на лицето на Бредли е јасен знак дека си поминува одлично во друштвото на поранешната девојка.
Како што напоменавме, за разлика од другите заеднички излегувања, овојпат нивната ќерка Леа не беше со нив.
Ирина и Бредли беа заедно четири години, пред да ѝ соопштат на јавноста дека се разделуваат. По раскинувањето во 2019 година, тие останаа во добри односи и заедно се грижат за нивната ќерка.
Сепак, Ирина редовно го фали Бредли за неговите родителски способности, изјавувајќи дека тој е најдобриот татко што го видела.
