Есента е вистинско време да си направите свеж сок од цвекло кој ќе ви го исчисти целото тело. Кога пиете сок од цвекло , внесувате важни хранливи материи и антиоксиданси со него.
Благодарение на богатството со витамин Ц и железо, цвеклото помага во создавањето на хемоглобинот во крвта, па затоа е одличен природен лек за анемија.
Внесувањето на овој сок, исто така, ќе го снабди телото со повеќе минерали од калиум отколку да користите само свеж корен во едно парче.
Тоа е најдобриот природен лек за детоксикација на телото, кој дава силен поттик за работата на сите органи .
Соковите од свеж зеленчук, како што е цвеклото, се одлични и за лицата со нарушена функција на црниот дроб, бидејќи со нивното консумирање полесно и побрзо ги апсорбираат хранливите материи во дигестивниот систем.
Одамна е познато дека цвеклото е одлично за чистење на крвта.
Благодарение на состојката глутатион, овој зеленчук ги исфрла отпадните материи, токсините, па дури и тешките метали од телото.
Глутатионот е клучна состојка која учествува во детоксикацијата на црниот дроб и органите за варење.
Придобивките од сокот:
придонесува за регулирање на крвниот притисок
го исполнува телото со антиоксиданси и хранливи материи
го балансира нивото на шеќер во крвта
ја чисти крвта и лечи анемија
делува како антиоксиданс и антиинфламаторно
го подобрува изгледот на кожата (благодарение на својствата за детоксикација)
го подига нивото на енергија
ја зголемува силата и издржливоста
го подобрува варењето
го стимулира елиминацијата на токсините преку урината
го штити здравјето на црниот дроб
Сок од цвекло за детоксикација – рецепт
Овој сок најдобро се подготвува во соковник, но може да се користи и блендер со малку појака моќност.
За да го подготвите сокот, секогаш барајте свежо и цврсто цвекло, со неоштетена кожа.
Сокот најдобро се пие наутро на празен стомак. Можете да го консумирате на дневна основа додека не почувствувате подобрување.
Состојки:
½ кг свежо цвекло, измиено
1 поголема краставица по желба
1 јаболко
јаглика
1 лимон
парче свеж ѓумбир
Подготовка:
- Измијте ги сите состојки и исечете ги на помали парчиња за да се вклопат во вашиот соковник. Излупете го лимонот и ѓумбирот.
- Состојките се ставаат малку по малку во соковникот додека не го направите сокот.
- Сокот најдобро се пие веднаш или во рок од 48 часа. Доколку сакате да го консумирате подоцна, истурете го во сад со цврст капак и ставете го во фрижидер.