Бомба од Босфор! Еден од најпопуларните турски актери Бурак Озџивит би можел да заврши во затвор.
Доколку биде обвинет, тој се соочува со казна од четири затвор. Но, последниот збор ќе го даде Третиот суд во округот Беикоз во Истанбул.
Убавиот Бали-бег бил виновникот за инцидентот што се случил минатиот декември на снимањето на серијата “Курулус Осман“. Сценографот и уште тројца членови на тимот го тужеле за навреда. Во соопштението доставено до судот се наведува дека актерот среде снимањето излегол од шаторот и почнал да ги навредува со погрдни имиња, тоа можеле да го потврдат повеќе сведоци. Сепак, тој ги негирал обвинувањата. Медиумите наведуваат дека учесниците во инцидентот се обиделе мирно да го решат проблемот, но не постигнале договор.
Озџивит во наредните денови ќе сведочи пред судија.