Сезонскиот зеленчук е многу корисен, но меѓу нив има и еден што мора да го вклучите во вашето мени. Ова е целер. За разлика од многу зеленчуци, тој не губи ништо од својата хранлива и витаминска вредност, дури и по готвењето. Целерот со години се користи во лекувањето на многу болести.
Придобивките од целерот се многу. Ја зголемува сексуалната моќ бидејќи делува како афродизијак, го зголемува имунитетот, го намалува нивото на лошиот холестерол и многу повеќе.
Целерот е богат со витамини А, Ц, Е, фолна киселина, пиридоксин (Б6), калиум, пантотенска киселина (Б5), манган, рибофлавин, калциум, фосфор, како и многу други корисни витамини и минерали. Содржи и големо количество влакна, бета-каротен, флавоноиди и голем број антиоксидантни соединенија и ензими.
Целерот го контролира холестеролот. Според истражувањата, секојдневното консумирање целер може да го намали нивото на ЛДЛ холестерол (лош холестерол), кој ги затнува артериите. Активните состојки содржани во овој зеленчук го стимулираат и лачењето на жолчката, а со тоа го намалуваат нивото на холестерол. Ова го подобрува здравјето на срцето.
Целерот е одличен извор на растителни влакна, кои докажано ги намалуваат воспаленијата во дигестивниот тракт, крвните садови и органите.
Целерот го зајакнува нервниот систем, имунитетот, спречува инфекции и се бори против стареењето и може да го забави процесот на стареење на кожата.
Благодарение на содржината на витамин Ц, целерот ја обновува циркулацијата на крвта и го регулира крвниот притисок.
Железото, магнезиумот и калциумот, кои ги содржи целерот, помагаат за подобрување на имунитетот. Целерот го зголемува нивото на хемоглобин во крвта и има способност да ја елиминира надуеноста.