Мерцедес потврдија дека ќе го искористат своето право за „преглед“, односно да протестираат за одлуката на стјуардите на ФИА да не го казнат Макс Верстапен на Бразилското ГП за моментот кога тој го „истурка“ Луис Хамилтон од патеката.
Доколку Верстапен добие, на пример казна од 5 секунди, ќе го загуби второто место од Валтери Ботас, и така разликата на Верстапен пред Хамилтон во генерален пласман ќе падне од 14 на 11 поени. Не е јасно кога ФИА ќе ја разгледа ситуацијата и не се знае дали ќе има одлука пред Катарското ГП овој викенд.
Инцидентот можете да го погледнете на видеото: