Сѐ што правите, тројно ќе ви се врати, затоа внимавајте што мислите и променете си го животот на подобро

Сѐ што зборувате и мислите е исполнето со енергија и со вибрации на посебна фреквенција – кога ќе ја примените оваа метода, животот ќе ви стане многу подобар

Законот на бројот 3 се заснова на афирмација и на едноставната заповед: „Сѐ што правите, тројно ќе ви се врати“, објави ubavinaizdravje.mk.

Универзумот сака да постигнете сѐ што сакате во животот и сѐ ви враќа тројно, но само ако ги испочитувате овие 3 чекори и ако живеете во согласност со тие правила, објаснува Ана Алварес, жена која го посветила животот на проучување на феноменот на универзумот и моќта што тој ја има во нашите животи.

Дури и Никола Тесла верувал во моќта на овој број:

„Ако сакате да ги откриете тајните на универзумот, размислувајте во контекст на енергија, фреквенција и вибрација“ – Никола Тесла.
Луѓето што живеат во согласност со законите на Универзумот имаат поголема самодоверба, подобра рефлексија на стварноста и лесно ги остваруваат личните амбиции.

Според законот за вибрации, секоја честичка во космосот е во постојано движење и постојано носи енергија. Покрај тоа, сѐ има своја специфична енергетска фреквенција. Честичките со висока енергија природно се приспособени на други честички со висока енергија, а истото важи и за оние што имаат ниска енергија.

Па така, ако сите ваши постапки, мисли и чувства се исполнети со љубов и хармонија, сето тоа тројно ќе ви се врати. Истото важи и кога станува збор за негативните мисли, па затоа паметно одбирајте што сакате да привлечете во животот.

извор: ubavinaizdravje.mk.

Фото:Peakpx

Слични Вести
Menu