Тања Савиќ со денови е тема по медиумите за врската со Драшко Станивуковиќ, градоначалникот на Бања Лука

Тања Савиќ со денови е тема по сите медиуми откако беше објавено дека е во  врска со Драшко Станивуковиќ, градоначалникот на Бања Лука.

Шпекулациите дека во врска со Драшко не престануваат со денови, но пејачката не се огласува на оваа тема. Освен препоставки, изјава даде и бившиот сопруг, Душан Јованчевиќ кој некулкупати упати закани, но пејачката и тогаш молчеше.

Тања денес одлучи да ги замоли претставниците на седмата сила да престанат да шпекулираат околу нејзиниот личен живот и да ги контактираат луѓето кои и се блиски, откривајќи како сега се чувствува:

– Почитувани новинари, низ годините кои ги поминав на естрада ги следевте моите подеми и падови а пред се благодарна сум ви на долгогодишната комплементарна соработка. Не се осврнував кога ги повикувавте моите родители и баравте нивни изјави на контото на моите одлуки, ме подржувавте во борбата за моите синови. Се надевам дека сериозно ќе ги сфатите моите љубезни апели и дека ќе прстанете да ги барате луѓето од моето опкружувања и да барате нивни изјави. Од сега понатаму и во иднина ќе биде доволно – Да, Тања Савиќ конечно е среќна – напиша пејачката.

Слични Вести
Menu