„Поршето” од „Лоши момци” оди на наддавање

Црното „Порше 911 турбо” кое се појави во филмот „Лоши момци” (Bad Boys) од 1995 година ќе биде понудено на аукција во јануари. Станува збор за автомобил што го управуваше глумецот Вил Смит, а има и сертификати коишто ја потврдуваат неговата автентичност.

Автомобилот е модел на „964 турбо 3.6″ од 1994. – редок но и баран класик, а неговата вредност ја подигнува и неговата „улога” во филмот, покрај 355-те коњски, 520 њутн-метри во вртежи и петстепениот рачен менувач.

Режисерот Мајкл Беј, кој го поседуваше автомобилот, го продаде на продуцентот Пет Сандстоун, а потоа во 2005. го купи сегашниот сопственик. Автомобилот има поминато 55.355 километри, има клима-уред, радиокасетофон, подвижен покрив, заден спојлер, внатрешност обложена со црна кожа и алуминиумски тркала со пет краци.

Се очекува новиот сопственик да издвои голема сума на пари, особено поради фактот што сличен примерок без никакви сертификати лани беше продаден за 275.000 евра. Уште пореткото „Порше 964 турбо 3.6 X88″, пак, коешто беше во сопственост на поранешниот светски шампион во Формула 1, Џенсон Батон, е продадено за 439.099 долари.

Слични Вести
Menu