Американскиот претседател Џозеф Бајден тестираше уште еден електричен модел, но засега останува верен на фосилните горива.
Набргу по тестирањето на електричниот модел на пикапот Ford F-150 Lightning, американскиот претседател седна и зад воланот на новиот електричен Hummer, кој наскоро ќе се најде во продажба.
Тоа се случи како дел од отворањето на обновената фабрика на GM Factory Zero, во чија модернизација беа инвестирани дури 2,2 милијарди долари.
А една од причините за огромната инвестиција е овој електричен модел. Бајден го испроба и продолжи да ги повикува заинтересираните да му се придружат.
Веднаш го стисна гасот, а потоа ја проба таканаречената Crab Walk Function во која сите тркала се вртат во иста насока.