Новиот дечко на Дара испрати приватен авион по неа

Пејачката Дара Бубамара  по раскинувањето со Тони наводно се впуштила во врска со маж за кого ќе се мажи.

Имено, како што се шпекулира, Дара процветала покрај новиот партнер, тој дури често и испраќал приватен авион да оди по неа.

– Новиот дечко е токму човек за неа, се нашле некако, објаснува изворот за Скандал и додава: Му одговара во секоја смисла, посебно му се допаднало што сама стекнала богатство и што никогаш не чекала некој нешто да и заврши или купи. Поради тоа и угодува, и кога е во Франција, испраќа приватен авион да го поминат викендот заедно. На Дара баш и одговара, што тој е таму бидејќи со првиот сопруг Милан живеела во Париз, ги сака Французите и тој дел на Европа. Многу им е убаво. Овој човек е зрел, нема тензии и не ја гуши Дара. Кај него нема љубомора и лудило како што беше со Тони, кој сепак е млад и неискусен, што на крајот и ја гушеше. Со новиот дечко нема такви проблеми, а тој е подготвен да ја земе, не би било чудно и да се случи.

Слични Вести
Menu