Џенифер Анистон беше снимена во западен Холивуд на почетокот на оваа недела во лежерно издание со кое целосно го канализираше својот имиџ на „девојка од соседството“.
Педесет и двегодишната актерка беше видена во совршено едноставна облека на која ништо не можеше даѝ се додаде или одземе.
Основата на нејзиниот стајлинг беа светлосините фармерки со рамен крој и црна ролка, која ја среќаваме каде и да се завртиме.
Џенифер изгледаше потполно блескаво и свежо во овој стајлинг, кој го надгради со кафено кадифено палто и чанта Gucci Diana во црна боја и со легендарните рачки од бамбус, кои ѝ дадоа доза на екстраваганција и луксузен финиш на целата комбинација.
Горниот дел го искомбинира со пар црни чизми од превртена кожа и на тој начин го заокружила целиот аутфит.