Нада Топчагиќ признала дека мртвите и се јавуваат во сон

Пејачката Нада Топчагиќ тешко ја поднела смртта на нејзините колеги и пријатели кои починале во рок од еден месец, по што паднала во депресија. Пејачката кажува дека сонувала чудни соништа, и дека пие лекови за смирување, пренесува “Република“.

Имено, Нада е потресена од овие трагедии кои ја зафатиле естрадата и никако не може да се смири со тоа што се случува…

– На Нада многу и е тешко, иако многумина зборуваат дека сето тоа е глума, но не е така. Таа е емотивна жена, и кога некого сака, го сака. За Маринко посебно ја боли бидејќи имале несогласувања и не биле во добри односи некое време. Се уште не се опоравила од неговата смрт, потоа следела веста дека Мерима Његомир ја имала иста болест. Нада се затворила дома и само плачела. Иако сопругот Златко ја советувал да спие за и таа не се разболи, тоа било невозможно, вели нејзина семејна пријателка.

Нада потврдила дека е целата скршена од болка и не е во состојба да зборува за смрта на Мерима.

– Не ми е добро со денови. Што е ова што се случува? Кој нас не коси со смрт од коса. Немам солзи веќе. Не смеам да спијам бидејќи се плашам од лоши вести, а и сите мртви ми се појавуваат во сон. Не отварам телефон да не прочитам дека на некој му е лошо, некој да не заминал. Ова се тешки времиња. Луѓе вистинските уметници заминуваат. Човек со човек ќе почна да се бара на секој двеста метри. Не можам повеќе, извинете, рекла Нада.

Слични Вести
Menu