Партнерот од Ана Бекута, Милутин приклучен на апарати

Српскиот политичар Милутин Мркоњиќ е приклучен на апарат за вештачки бели дробови, што е последен обид на лекарите да му го спасат животот во Заводот за кардиоваскуларни болести „Дедиње“, пренесуваат тамошните медиуми.

Тој беше приклучен на респиратор, но откако падна во вештачка кома, тој беше приклучен на ECMO апаратот, познат и како „вештачко белодробно крило“, со чија помош срцето и белите дробови мируваат, односно се одмараат, додека организмот се одржува во живот.

Исто така, за неговата исклучително тешка состојба се грижат најдобрите лекари во земјата.

„Пациентот има канила во феморалната вена (вена на бутот) и оттаму вадиме крв, која поминува низ оксигенаторот, каде што се врши размена, поточно се вбризгува кислород, а се исфрла јаглерод диоксид. Втората канила е во југуларната вена, на вратот и оттаму таа крв се враќа во телото. Со механичка вентилација ги достигнавме максималните параметри и не успеавме. А потоа, според одредени индикации, го вклучивме ECMO уредот“, велат оттаму.

За потсетување, Милутин Мркоњиќ се наоѓа на Заводот за кардиоваскуларни заболувања „Дедиње“ каде веќе неколку недели се бори за живот. Најголема поддршка во моментов му е семејството, како и неговата партнерка Ана Бекута со која е во љубовна врска речиси 10 години.

Слични Вести
Menu