Жената за која се верува дека е најстарата личност на светот, родена во 19 век, почина на 124 годишна возраст.
Франциска Сусано, или баба Лола, која е родена на Филипините, почина во понеделникот во својот дом, во градот Кабанкалан, во Негрос Оксидентал, пишува „Mirror“
Претставниците на локалната власт велат дека супербабичката е последната личност на светот која е родена во 19 ти век.
Г-ѓа Сусано, која беше позната како Лола Иска, е родена на 11 септември 1897 година, според официјалните документи. Таа е родена истата година кога за првпат е измислено топчето сладолед, и кога Маркони го испрати привиот сигнален радио пренос преку морето.
Според градскиот службеник за јавни податоци, Џејк Карлин Гонзалес, причината за смртта на Лола допрва треба да се утврди. Тој изјави за Си- Ен-Ен дека жената ќе биде тестирана за Ковид, но според првичните информации, немала никакви симптоми на болеста.
Според извештаите до јавноста, се верува дека тајната за нејзиниот долг живот е режим на исхрана со многу зеленчук, риба и речиси воопшто месо! Лола исто така имала изјавено дека живот без алкохол и помогнал за долговечноста.