Обожавателите на британската хит серија “Peaky Blinders”, последната, шеста сезона ќе ја гледаат побрзо отколку што мислеле. Веста за предвременото емитување на сезоната одекна на социјалните мрежи откако ја споделил режисерот Ентони Бајрн.
“Доаѓаме по вас порано отколку што мислевте. По наредба…”, напишал режисерот во објавата во која се прикажува исечок од новата сезона.
Гледачите би требало да ја гледаат на почетокот на 2022 година.
Претходно се спомнувало дека шестата сезона треба да излезе дури на пролет, но овие вести ги израдуваа обожавателите на серијата кои со задоволство споделувале на социјалните мрежи.
“Едвај чекам!”, “Подготвен сум”, “Конечно”, “Знае ли некој како да се забрза времето”, пишувале луѓето.
После шестата сезона се планира да снимање на филм кое би требало да започне во 2023 година.