Загреб се појави во онлајн издание на „Њујорк тајмс“ во пресрет на отворањето на Адвент

Додека Загреб се подготвува за Адвент – традиционална претпразнична манифестација која се одржува на повеќе локации во центарот на градот – а годинава ќе почне во сабота (27 ноември), хрватската метропола се појави во онлајн изданието на „Њујорк тајмс“.

Локалниот туристички одбор ја објави веста во четвртокот, истакнувајќи дека во репортажата за Загреб, „Њујорк тајмс“ презентира вратоврски, рачно изработени чанти, капи и чадори како автентични загрепски модни додатоци.

Репортажата го опишува Загреб како град со стил кој, преку влијанија од блиската Италија и австроунгарското минато, заедно со традиционалните симболи во комбинација со современ дизајн, создава препознатлив шмек.

Адвент во Загреб годинава официјално започнува на 27 ноември со почитување на сите епидемиолошки мерки.

Централниот дел на Загреб деновиве се преоблекува во адвентска облека, која со својата атмосфера и годинава ќе привлече голем број гости и туристи, но и загрепчани на градските улици до доцна во ноќта.

Загреб веќе се стекна со завидна титула за една од поубавите адвентски дестинации во Европа, а дека и оваа година ќе се натпреварува со другите европски градови се гледа во центарот на градот, каде што општинските работници неуморно поставуваат адвентски украси, бели куќички, елки, санки и други реквизити што ќе да ја пополнат божиќната бајка во хрватската метропола.

Слични Вести
Menu