Ѕвездата на Манчестер сити и англиската репрезентација Џек Грилиш е главна тема на медиумите на Островот поради љубовна драма во која се наоѓа одличниот фудбалер, и тоа со три атрактивни девојки.
Британски „Сан“ објави фотограија од атрактивната актерка Емили Атак и нејзината сестра Марта, а притоа медиумот откри дека згодната русокоса тајно има состаноци со пет години помладиот фудбалер, иако во моментов е во љубовна врска со Саша Атвуд.
Меѓутоа, тоа не е единствена глупост која ја направил Грилиш затоа што фудбалерот вреден 100 милиони фунти се запознал и со атрактивната 24-годишна Ембер Џил, која тврди дека исто така се гледала со англискиот фудбалер.
Англиските медиуми откриваат дека состаноците на Грилиш не запирале само на вечера, туку потоа се селеле во хотелските соби, каде што наводно ѕвездата на „граѓаните“ имала интимни односи со двете љубовници.