Претседателот на Белененсес: Гледам фудбал 38 години, но вакво нешто не се случило…

Фудбалерите на Белененсес синоќа доживеаа вистинска катастрофа, затоа што губеа со 0-7 од Бенфика на полувреме бидејќи на теренот настапуваа со девет фудбалери од кои двајца голмани бидејќи немаа други играчи затоа што имаат 17 позитивни случаи на ковид-19.

Играа со тоа што го имаа на располагање, а второто полувреме не се одигра бидејќи домаќинот излезе со седумина на теренот, па потоа се повреди уште еден фудбалер.

„Гледам фудбал 38 години и никогаш не сум видел фудбалери со толку големо достоинство како играчите кои вчера се претставија. За нив имам големо чувство на разбирање. На сите им покажаа што знач достоинство. Тоа што игравме беше голема штета за нас, освен за деветмината кои издржаа на теренот“, вели претседателот на Белененсес, Руи Педро Соареш.

Првиот човек на клубот кажа дека во 19.13 часот дознале за резултатите на ПЦР-тестовите и не можеле да состават екипа за мечот против Бенфика.

„Нема прописи и календари кои би го оправдале тоа што се случи овде. Сакам да оставам порака на деветмината кои настапија, никогаш во животот не сум видел такви херои“, кажа Соареш.

Слични Вести
Menu