Брук Шилдс се присетила на голите и контроверзни сцени од филмот „Сина лагуна“ кој ѝ донесе светска слава.
Американската актерка Брук Шилдс се прослави во споменатиот филм, снимен во 1980 година, а кој во тоа време предизвикал големи контроверзии поради разголените сцени на главните актери кои тогаш биле само тинејџери.

Денес 56-годишната Брук во филмот ја толкуваше улогата на преубавата девојка порасната на пуст остров, а тогаш имала само 15 години, што гледачите ги шокирало со оглед на секс-сцените, но подоцна сите дополнително се изненадиле од веста дека девојката била девица до својата 22-ра година.
Јавноста отсекогаш ја сметаше за убавица и ѝ се восхитуваше, иако таа долго време не се доживувала како таква поради што не сакала да се впушти во љубовни врски.
Денес таа отворено признава дека ѝ е жал што порано не се засакала самата себе и својот изглед затоа што младоста би ја поминала побезгрижно и поопуштено во тој случај.
Но, тоа не е првиот филм во кој таа се појавила затоа што во 1978 година се појавила во „Pretty Baby“ во кој глумела на само 13 години, а нејзините сцени кои биле снимени биле окарактеризирани како детска порнографија.
Брук неодамна прозборела за тоа и денес тврди дека сепак тоа не влијаело лошо на нејзиното детство и на растењето.
„Тоа не може да те повреди кога растеш во Њујорк. Мислам, потребни се само пет минути прошетка во старата улица бр. 42 за да се сретнеш со проституција. И исто така, бев многу издвоена од сето тоа во реалниот живот. Бев невина до својата 22-ра година, така што сето тоа што се случуваше во мојот ум беше преправање. Не патев приватно поради тоа“, раскажала актерката за „The Guardian“.
Брук во светот на шоубизнисот ја внела нејзината мајка Тери благодарение на која на само 11 месеци ја снимила рекламата за детски сапун, а на крај таа ја натерала да позира и за „Плејбој“ на само 10 години.

На спорната фотографија била сместена во када, нашминкана и покриена со масло, а ја фотографирал Гери Грос кој инаку работи на проектот наречен „Жената во детето“, со цел да ја прикаже женственоста на предпубертетските девојки споредена со возрасните жени.
Брук на почетокот на 80-те години се обидела да спречи користење на фотографиите, но американскиот суд одредил дека таа не е обврзана со договор и дека законот за детска порнографија не е прекршен.
Правата на фотографијата во 1992 година ги откупил американскиот уметник Ричард Принц кој ја уредил и ја нарекол „Духовна Америка“.
Во 1999 година неговата верзија била продадена за 151 илјади долари, а десет години подоцна конечно била отстранета од лондонската Модна галерија во која била изложена.