Директорот на „Гранд продукција“ не сака да мирува во пензија.
Саша Поповиќ одлучи да се пензионира, но само кога станува збор за музичката продукција и „Гранд“ кој го продаде со намера да почне да ужива.
Меѓутоа неговите пензионерски денови не траеја долго, и откриено е дека влегол во нов бизнис со својата колешка Вики Миљковиќ и нејзиниот сопруг Драган Ташковиќ Ташке.
– Сите се надевале дека Сале конечно ќе се посвети на себе си и семејството бидејќи работеше со децении наназад. Но изгледа дека Сузана напразно се израдувала дека следната година рака под рака со сопругот ќе патува по светот и ќе го има само за себе – вели изворот и додава:
– На Бежаниска коса сега се гради некоја зграда, не сум сигурен колку станови ќе бидат, но Вики со својата фирма, која се занимава со внатрешно уредување на станови, вклучена е во цела оваа приказна. Таа неодамна добила дозвола и за продажба на недвижности. Таа не би започнала нешто а да не знае дека ќе и се исплати. Осообено што цената на квадратот таму се движи од две илјади евра по квадрат а може и да се покачи – тврди изворот , додавајќи дена Брена не е во овој бизнис.