Згаснува брендот чоколадни “Моцарт кугли”, фирмата неможе да исплати плати!

Произведувачот на познатите “Моцарт кугли” не може да им исплати плати на работници, па поради тоа е отворен стечај на компанијата.

“Салцбург Чоколат”, со седиште во Грудиг, побарал отворање на стечајна постапка, што на Регионалниот суд во Салцбург било одобрено, пишува “Die Presse”.

Како главна причина за отворање на стечај се наведува недостигот на туристи во Виена и во Салцбург.

За комесар за стечај именуван бил салцбуршкиот адвокат Јохнес Хитцбергер. Управата во писмото кое го пратила до вработените и деловните партнери порачала дека се надева дека ќе успеат да ја спасат компанијата и ќе продолжат со производството.

Но, прогнозите не се добри, пишува “Die Presse”. Иако последните години компанијата остварила добивка, била тешко погодена од пандемијата, вели извршниот директор Кристијан Шугерл.

“Die Presse” пишува дека поради намалувањето на бројот на туристи, настани и прослави, како родендени и свадби, побарувачката за овие чоколади нагло паднала. Тоа резултирало со значаен пад на продажбата.

Освен тоа, слаткарниците во Виена и Салцбург понекогаш биле затворени со недели поради недостигот на туристи.

Падот на продажбата во однос на претходната година би можел само делумно да се надомести во новата финансиска година. И покрај извозот и државната помош, како и минатата година, и оваа година ќе биде остварена значајна загуба. “Моменталната блокада и значителното зголемување на цените на сировините, енергијата, платите, логистичките трошоци и материјалите за пакување се останатите причини”, продолжил Шугерл.

Затоа во понеделникот било поднесено барање за стечај. Платите за ноември не може да се исплатат. Компанијата се повикала на стечајниот фонд, кој ги обезбедувал исплатите, и ги советувала работниците да се обратат во Работничката комора.

Компанијата “Салцбург Чоколат” е основана во Салцбург во 1897-ма година под името “Рајсигл-шусфаренфабрик” и во целост се преселила во Гродиг во 1956-та година. По неколку промени на сопствеништвото, во 2014-та година била купена од компанијата “Филип Хамер Бетеилигунгс”, а помал дел од компанијата поседува извршниот директор Кристијан Шугерл.

“Салцбург Чоколат” има и фабрика во Чешка, која е специјализирана за пакување, и според зборовите на Шугерл, таа не зафатена од банкротот.

Слични Вести
Menu