Како дошло до смирувањето на Џенифер после 17 години? Бен Афлек признава – тоа е одлична приказна!

Најголемата вест за познатите во 2021-ва година несомнено беше враќањето на „Бенифер“, односно смирувањето на Џенифер Лопез и Бен Афлек, златниот пар од почетокот на 2000-те години, а веќе со месеци се шпекулира како воопшто дошло до тоа 17 години по раскинувањето тие повторно да се вљубат.

Џенифер Лопез (52) и Бен Афлек (49), најпопуларниот славен пар во светот во период од 2002-ра до 2004-та година, без никакви сомнежи е парот за кој најмногу се зборува оваа година и од ден на ден им мамат воздишки на милиони луѓе ширум светот.

Тие се однесуваат како заљубени тинејџери – шетаат држејќи се за раце, шепотат и се скокоткаат во јавност, на аеродром се збогуваат, долго, не тргнувајќи ги рацете еден од друг…

Иако на почетокот се шпекулираше дека е само внимателно разработен маркетинг трик, сепак изгледа дека нивната љубов е вистинска во секоја смисла, а латино дивата веќе се преселила во Лос Анџелес од Мајами со своите деца Максим и Ема за да биде поблиску до Афлек.

Меѓутоа, постојано се прашуваме како е можно тоа – нивното раскинување во 2004-та година било изненадно и можеби дури побурно од што се мисли, бидејќи веста за разделувањето ја споделил ПР-ор на Џеј Ло, после што ПР-от на Бен рекол дека ‘од негова страна сепак нема да се случи војна’.

Како пејачката и актерот повторно се поврзале и толку се заљубиле?

„Дефинитивно можам да кажам дека мене ми е прекрасно“, бил искрен Афлек во разговор за „WSJ. Magazine“.

„Тоа е добра приказна. Тоа е одлична приказна! И, знаете, можеби еден ден ќе ја раскажам. Сè ќе запишам… И потоа ќе го запалам тоа“.

Тој истакнал дека е благодарен на тоа што добил втора шанса, како во кариерата, така и на приватен план, но и, како што вели, како човечко суштество.

„Животот е тежок и постојано паѓаме и се надеваме дека ќе научиме нешто од тие падови. Единствената работа која мора да ја направите е втората шанса да ја искористите за приликите кои тоа созревање ви ги пружа“, додал Афлек.

Пред неколку месеци американските медиуми тврдеа дека Афлек го направил првиот чекор, додека врската на Џенифер со Алекс Родригез се ‘распаѓала’.

Слични Вести
Menu