Куќата во која е снимен култниот Home Alone сега е достапна за изнајмување преку Airbnb по цена од 25 долари за една ноќ. Наводно, гостите ќе можат да ја јадат истата храна како и Кевин во филмот, но и да пробаат да ги направат неговите генијални стапици.
Филмскиот серијал Home Alone е како симбол за божиќните и новогодишните празници, а сега магијата на филмовите можете да ја почувствувате и во живо.

Годинава, куќата во која е сместено дејството на првиот филм можете да си ја изнајмите на Airbnb по цена од 25 долари, но само една ноќ.
Куќата ќе биде достапна за изнајмување за 12 декември, а во неа ќе можат да преноќат најмногу четворица.
Интересно е што на сајтот на Airbnb, како сопственик на куќата е наведен Баз – братот на главниот лик Кевин.
Куќата е лоцирана на околу 30 минути возење од Чикаго, односно местото каде што е сместено и дејството на првиот филм.
Изградбата на куќата почнала во 1920-тите, а во 2012 година беше продадена на непознат купувач по цена од 1,58 милиони долари.