Ебру која што ја запознавме по улогата на Бурџу Селимер во „Истанбулската невеста“ се сврши.
Убавата турска актерка Ебру Шахин се прослави и со улогата во познатата турска серија „Невозможна љубов“ каде го толкува ликот на храбрата девојка Рејан Шадоглу која ќе направи сé во животот за оној што го сака.

Турската НБА ѕвезда и нејзини долгогодишен партнер, Џеди Осман, реши да ја запроси на едно од најбајковитите места на светот – Кападокија.
Осман својата сакана ја запроси во Кападокија, позната по прекрасните пејзажи и величествените балони.
Кажав „да“, напиша Ебру споделувајќи неколку фотографии со својот свршеник и го покажа свршеничкиот прстен.
Како што пренесуваат турските медиуми, актерката својот судбоносно „да“ ќе го изговори следната година.
Тие и претходно споделуваа заеднички фотографии, од кои можеме да видиме и дека одлично се согласува со неговите родители кои по потекло се од Балканот.

Имено, Џеди по потекло е од Охрид, од каде неговиот татко, етнички Турчин, се сели во Турција. Неговата мајка по потекло е од Нови Пазар.
Инаку, турскиот кошаркар Џеди Осман по потекло е од Охрид, а неговата мајка е Босанка родена во Србија. Џеди игра за тимот на Кливленд Кавалиерс и се проценува дека досега има заработено околу 50 милиони долари.
Инаку, турскиот кошаркар Џеди Осман по потекло е од Охрид, а неговата мајка е Босанка родена во Србија. Џеди игра за тимот на Кливленд Кавалиерс и се проценува дека досега има заработено околу 50 милиони долари.