Раперот Машин Ган Кели раскажа во шоуто на Џими Фелон како во раните почетоци од врската со Меган Фокс сакал да ја импресионира и направил класична глупост.
„Ножот на кој беше изгравирано името на новиот албум ми го предложи Тревис Бејкер. Сакав да ја импресионирам Меган и го фрлив, а острицата ми се заби во рака. Ја погледнав неа, се преправав дека сум кул, а штом си замина, знаев дека итно треба да одам да ме сошијат“ – раскажа тој.
Кели исто така ја раскажа приказната за својата повреда кога играл пинг понг со Пост Малоун и кога паднал од сцената на еден концерт, обидувајќи се да го крене Пит Дејвидсон во раце, пренесуваат од „Index.hr“
Колку за потсетување, Меган Фокс беше во брак со Брајан Остин Грин една деценија со кого доби три сина. Кога се запозна со Машин Ган Кели, Меган се разведе и тврди дека раперот е нејзината сродна душа отсекогаш.
Не е ни чудо што е така, Машин Ган Кели во интервјуто со Фелон носи маичка со испечатен нејзин лик.