Но српските медиуми денес пренесуваат дека Поповиќ веќе дошол на идеја Ана да ја замени со Мира Шкориќ.
Мира Шкориќ долго време работи со кандидатите, а наводно Саша смета дека е одлична за ова жири бидејќи е во кавга со Цеца, а порано биле добри другарки.
„Мира Шкориќ работеше со кандидати за други ментори, ги подготвуваше за натпреварот. Саша сака таа да ја замени Бекута, бидејќи смета дека би била одлична за шоуто. Цеца Ражнатовиќ и Мира не разговараат, па верува дека емисијата би била многу повозбудлива и подинамична и дека би ги привлекла гледачите да ги гледаат нивните пресмерки “, вели непознат извор за српски медиум.