Мигрените се прилично непријатно невролошко нарушување кое најчесто се јавува периодично и епизодно. Неочекуванo, третмани кои можат да помогнат при оваа состојба се – оние со ботокс, кој инаку обично и првично се користи во естетската медицина, а дури потоа за главоболка.
Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) во 2010 година го одобри ботоксот за третман на хроничната мигрена, откако бројни трудови покажаа дека тој е ефикасен. Пред ботоксот, имаше различни лекови (бета-блокатори, антидепресиви, антиконвулзиви) и сите тие имаат системски несакани последици. Предноста на ботоксот е што делува локално без повеќето овие несакани влијанија.
За време на третманот, професионалци лекари инјектираат ботокс во мускулите на лицето, скалпот, вратот и рамената. Оттаму навлегува во нервните завршетоци близу местото на убодот и ја нарушува врската за болка во мозокот.
Најчеста несакана последица на ботоксот е болка и оток на местото на инјектирање. Во ретки случаи, луѓето пријавуваат и замижани очи или лигавење, но повеќето вакви ефекти се привремени и исчезнуваат во рок од неколку дена.
Инјекциите на ботокс за мигрена обично се даваат на секои три месеци, што ги спречува пациентите да развијат антитела на токсинот. За разлика од другите третмани, тука нема употреба на апчиња. За многу пациенти, мигрената на крајот исчезнува и третманите со ботокс се намалуваат.