Српскиот обичај кој со векови се премолчувал, опишан во серијата “Нечиста крв”

Конечно се зборува за она што со векови се премолчувало во Србија, односно за обичајот кој бил трауматичен за секоја млада невеста која морала да спие со свекорот по склучувањето на бракот односно свадбата.

Низ бројните страдања се покажува тешката положба на жената во српското патријархално општество.

Факт е дека многу обичаи се искоренети со текот на времето, а секако постојат добри причини за тоа.

Еден од оние кои биле особено бизарни и трауматични е обичајот кој подразбира интимна сексуална врска помеѓу свекорот и снаата, а обичајот датира уште од времето на јужните Словени.

Чинот се практикувал главно поради сексуална незрелост на синот или неговото отсуство.

Обичајот е воспоставен во 1878 година, а се вели дека траел до повлекувањето на Отоманската империја од српските простори. Бил искоренет дури на крајот на Втората светска војна.

Се тврди дека бил широко распространет во областа Поморавље и во Врање и дека настанал од „чисто практични причини“ и се пренесувал од колено на колено.

Имено, доколку малолетно младо момче се ожени со постара, возрасна жена, во тој случај – таткото би ја извршувал брачната должност.

Децата често се раѓале од врската меѓу свекорот и снаата, а тој имал интимни односи со неа додека синот не стане полнолетен.

Една од најпознатите сцени во српската литература е онаа од познатата „Нечиста крв“ на Бора Станковиќ, кога ја опишува ноќта во која се слави свадбата на Софка и малиот Томче и желбата на свекорот Марко да спие со убавата Софка.

Бора Станковиќ ги забележал трагите на овој чуден обичај во своето пишување, а наводно го практикувале сите слоеви на општеството, без разлика на етничката и верската припадност и никој не го сметал за грев.

Дури и оние млади момчиња чии сопруги ги извршувале брачните обврски со нивните татковци го пренеле овој обичај на помладите генерации и го повторувале кога ќе пораснале.

Слични Вести
Menu