Ќерката на Мадона позира провокативно, првпат без влакна под пазувите, откако мајка ѝ беше критикувана за голотија

Разголените фотографии не се ништо ново за Мадона, а сè почесто ќерка ѝ Лурдес го следи нејзиниот пример – неколку недели по контроверзната објава на Мадона, и Лурдес направи провокативна фотосесија, овојпат без нејзиниот „заштитен знак“ – влакната под пазувите.

Лурдес Леон, 25-годишната ќерка на Мадона, направи провокативна фотосесија за магазинот Paper, само неколку недели откако познатата пејачка ја разбранува јавноста со разголените фотографии на Инстаграм.

На фотките младата девојка носи минијатурни парчиња и долна облека која не покрива речиси ништо и е застаната во провокативни пози. Ова е можеби прва фотосесија на Лурдес каде што нема влакна под пазувите.

За фотосесијата, Лурдес одбрала мини здолниште во комбинација со бикини во сина боја, како и бел фустан со чипка кој на задниот дел нема ништо освен врвки.

Само неколку недели пред провокативната фотосесија на Лурдес, мајка ѝ Мадона ја разбранува јавноста со разголените фотки на Инстаграм.

63-годишната пејачка сподели разголени фотографии, а на неколку од нив ѝ се гледаа и градите. Поради ова, Инстаграм ја избриша нејзината објава, по што пејачката повторно ги сподели фотографиите, но овојпат цензурирани.

Мадона ја искористи ситуацијата за да ја критикува социјалната мрежа.

„Уште ми е чудно што живееме во култура која дозволува да биде покажан секој дел од женското тело, освен брадавиците. Како тоа да е единствениот дел од женската анатомија што може да се сексуализира“.

Слични Вести
Menu