Јапонците измислија маски што светат доколку сте позитивни на КОВИД

Јапонски научници објавија дека со помош на антитела од ној создале заштитни маски кои светат под ултравиолетова светлина, со што се овозможува да се утврди дали некое лице е заразено со коронавирус.

Необичниот метод на Јасухире Цукамота и неговите колеги од Универзитетот во Кјото во догледна иднина би можел да овозможи евтино тестирање на коронавирус дома.

Врз основа на претходните истражувања кои покажаа дека птиците се многу отпорни на болести, јапонските научници ја премачкаа филтерската маска со антитела од ној за да откријат коронавирус.

Во ноевите прво инјектирале неактивна, безопасна форма на коронавирус, а потоа ги извлекле антителата на посебен филтер поставен во маската. Во присуство на коронавирус, филтерот беше осветлен под УВ светлина.

Во мала студија во која учествуваа 32 заразени лица следени 10 дена, испитаниците носеа маски, а по осум часа филтрите беа отстранети и испрскани со хемикалија која, во присуство на вирусот, светеше под ултравиолетова светлина.

Во пределот околу носот и устата светеле филтри што ги носат луѓето заразени со Ковид-19.

Директорот на Универзитетот и главен автор на студијата, Јасухиро Цукамото, изјави за Кјодо дека лично е убеден дека е заразен со коронавирус откако носел една од експерименталните маски. Неговата дијагноза беше потврдена по стандарден преглед.

Тој рече дека се надева оти во понатамошното истражување ќе може да направи тестови на поголем број испитаници, што ќе овозможи заштитните маски автоматски да светат во случај на вирус без посебно осветлување.

Слични Вести
Menu