„Размислувам да се повлечам од мојата работа и да станам инфлуенсер со полно работно време“, напиша Маск на Твитер без да даде дополнителни објаснувања.
Според Ројтерс, не е јасно дали Маск бил сериозен за она што го напишал.
„Би било убаво да имам малку повеќе слободно време“
Маск, кој исто така е основач и извршен директор на „SpaceX“ , го води стартапот „Neuralink“ и компанијата „The Boring Company“, во јануари изјави дека верува дека ќе биде извршен директор на „Tesla“ „неколку години“.
„Би било убаво да имам малку повеќе слободно време наместо да работам цел ден и ноќ, седум дена во неделата, од моментот кога ќе се разбудам се додека не одам да си легнам. Тоа е прилично интензивно“, рече тогаш Маск.
Минатиот месец тој ги праша своите следбеници на Твитер дали треба да продаде 10% од својот удел во „Tesla“, на што повеќето одговориа потврдно.
Потоа тој продаде акции во вредност од речиси 12 милијарди долари.