Кија Коцкар ги засени сите на снимањето на новогодишната програма на телевизијата ДМ САТ во Пожаревац. Ријалити ѕвездата се појави во секси фустан со длабоко деколте од кој цело време и бегаа немирните гради.
– Таа во Пожаревац пристигна со своето скапоцено „ауди“, а како што успеавме да забележиме, не и било тешко да вози во високи потпетици. Пејачката беше придружувана од пријателка, која досега не сме ја виделе во нејзино друштво, пишува Информер.

На Кија на почетокот и беше непријатно поради длабокото деколте, па цело време се обидуваше да ги покрие градите со раце. Меѓутоа, кога влегла во ресторанот каде се снима шоуто, потполно се опуштила и заборавила да го „чува“ деколтето.
– Така успеавме да ги овековечиме нејзините адути кои штрчеа на сите страни од нејзиниот тесен фустан. Едвај ја наговоривме да ја соблече бундата, за да ја фотографираме и убаво да им претставиме се на нашите драги читатели, пишува Информер.

Кија ги привлече погледите на сите мажи на сетот. Додека го чекаше својот ред во ресторанот, сите зјапаа во нејзиното деколте. Таа изгледа навистина добро, не е ни чудо што сите зјапаа во неа, вели нејзина колешка.
Победничката на првата „Задруга“ е една од ретките дами од балканската сцена која може да се пофали со бујни природни гради. Кија неколку пати кажа дека нема ништо против силиконите, но дека лично не и паѓа на памет да стави. Како што неодамна откри за Информер, има четири бенигни тумори на градите и не би си играла со своето здравје.