Сепак Бекута ќе се врати на сцената!

Пејачката Ана Бекута се повлече од јавноста по смртта на нејзиниот партнер Милутин Мркоњиќ, а сега најави дека наскоро ќе се врати на својата работа.

Ана ги откажа сите настапи и гостувања во емисиите што ги закажа во декември и истакна дека потоа ќе ја информира својата публика за новогодишните настапи во Требиње и Бања Лука.

Пејачката сега најави дека на радост на публиката, која и пружила огромна поддршка и утешни зборови во најтешките моменти, ќе одржи новогодишни настапи.

– Драги мои, решив заедно да влеземе во Новата година. Се гледаме на 31 декември во прекрасното Требиње, а на 1 јануари во магичната Бања Лука. Со нетрпение чекам да се гушкам и да се загреам со песна. Облечете се добро, не дозволувајте некој да дојде без долна кошула! Ве сака твојата Ана – напиша Бекута на својот Инстаграм профил.

Слични Вести
Menu