Макс Ферстапен со неверoјатен пресврт во Абу Даби стана новиот шампион во Формула 1, но љубителите на „најбрзиот циркус“ истакнуваат дека во тоа многу учествуваше Мајкл Маси, директорот на трката.
Да ве потсетиме, на последната трка во борбата за титулата шампион, Луис Хамилтон имаше огромна предност во однос на Ферстапен која изнесуваше дури 10 секунди. Но, во 53-от круг Николас Латифи се судри, по што Маси нареди дека не е дозволено претекнување.
Сепак, во последниот круг одлуката беше сменета, па возачите беа пуштени да ја завршат трката со претекнување, еден круг одлучуваше за шампионот. Тука подобро се снајде Ферстапен, со што ја освои својата прва титула.
По трката од Мерцедес истакнаа дека последниот круг треба да се повтори, додека Маси имаше едноставен одговор:
„Треба да го повториме последниот круг, ова не е во ред“, велеа од тимот на Хамилтон.
Сепак, Маси не сакаше да се впушта во поголема конверзација со екипата, па кажа:
„Ова е трка. Во ред? Моја работа, поточно мојата улога не се разликува многу од судиите во фудбалот. Имам јасни правила кои треба да се почитуваат и тие се исти за сите. Мојата работа е да ги применувам“, зборуваше Маси.
Кој е Мајкл Маси?
Овој Австралијанец сè до 2019 година пред моментот кога како последица на смртта на Чарли Вајтинг го презеде местото директор на трката, не беше претерано познат во Формула 1 светот.
До крајот на 2018 година никој од Формула 1 не знаеше ништо за него, затоа што беше директор на В8 Суперкар серијата која се одржуваше во Австралија.