Нереална локација во американска Минесота која привлече огромно внимание.
Еден од најголемите автомобилски отпади во Минесота (САД) го носи името „Windy Hill Auto Parts“.
И претходно сме пишувале за слични места ширум светот, но оваа локација е единствена поради тоа што изгледа како сцена од филмовите за апокалипса.
Илјадници автомобили во „Недојдија“ делуваат како сопствениците да ги напуштиле поради тоа што брзале бегајќи од некаква природна катастрофа или пак зомби апокалипса.

Не само тоа што отпадот изгледа неверојатно, туку чува и примероци од автомобили од 1930-те години.
Погледнете го видеото: