Видео: Како една мала „Panda“ стана страв и трепет на улиците?

Уште еден скапоцен камен од гаражата на „M-Sport“…

Славната компанија е активна во „World Rally Championship“ со „Fiesta“, кој наскоро ќе го замени хибридниот „Ford Puma“, но нивниот нов проект е нешто сосема друго.

Се нарекува „Pandamonium“ и неодоливо потсетува на првата генерација на класикот на „Fiat“, „Panda 4×4“.

„M-Sport“ ги зачуди сите бидејќи овој автомобил сепак ја има основата на „Ford“. Некаде под неа се наоѓа шасијата на „Ford Fiesta“ од петтата генерација, а под хаубата е1.6 EcoBoost мотор на „Ford“. Се разбира, подоцна е тјуниран во познатиот стил, а финалниот производ нуди максимум од 300 коњски сили и 450 Nm. Погонот е на сите тркала, а се вози преку петстепен секвенцијален менувач „Sadev“.

Оригиналната Панда се произведуваше цели 23 години, до 2003 година, а оваа рели изведба е базирана на изведбата од 1990-те. Меѓуосовинското растојание пораснало на 2480 мм. Сепак, основниот дизајн е задржан, па затоа „Pandamonium“ се проширил на цели 360 мм. со инсталирање на „widebody kit“. Секако, нови се и браниците, а одзади е централно поставен завршетокот на издувниот систем.

Ентериерот е изведен во согласност со правилата на „FIA“ кој вклучува заштитен кафез, тркачки седишта со појас во шест точки на зацврстување и нов волан.

Од компанијата откриваат дека автомобилот е уникатен, но се подготвени да ги сослушаат сите желби на клиентите. Имено, со овој автомобил најавуваат основање на оддел „M-Sport Special Vehicles“ (MS-SV) кој ќе ја исполни секоја желба на потенцијалниот купувач.

Слични Вести
Menu