Анастасија си ја отвори душата за времето во тешките мигови

„Кога некој ќе ти удри по мајката, а ја имаш само неа. Сето тоа боли. Тоа само го потиснувате и не може да се заборави и не може да престане да боли“ – Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за периодот кога мајка ѝ Цеца беше во затвор, па во куќен притвор.

Анастасија Ражнатовиќ (23) гостуваше во емисијата Preziveli кај Милан Калиниќ, па ја отвори душата и проговори за нејзиното турбулентно детство кога нејзината мајка, познатата пејачка Цеца Ражнатовиќ, беше судски прогонувана, па одреден период помина во затвор, но и во куќен притвор.

Во оваа прилика, Анастасија повеќе говореше за периодот од 2011-та година кога познатата српска пејачка помина осум месеци во куќен притвор во нејзината дневна соба.

„Се сеќавам на училишните денови, тогаш кога мама беше дома со електронска алка. Имав 12 години и се правев сосема луда. Како ништо да не се случува, а весниците пишуваа само за тоа.

Мама беше на сите насловни страници. Пишуваа што ќе се случува, што нема да се случи. Ќе ни ја одземат куќата, ќе ѝ го одземат старателството…

Имав среќа што во училиштето немаше злонамерни деца што ме прозиваа. Всушност имаше едно девојче…“ – се сеќава Анастасија.

Ќерката на Цеца се присетува како во тој турбулентен период за првпат се степала во училиште, затоа што споменатото девојче ја навредило нејзината мајка.

Порталот Mondo.rs ја пренесува во целост изјавата на младата пејачка:

„Таа кажа нешто за таа електронска алка. Иако бев мирна и сталожена, кога станува збор за семејството, ме обзеде гнев.

Кога некој ќе ти удри по мајката, а ја имаш само неа. Таа ми ја напиша навредата во петокот на Фејсбук, а јас во понеделникот ја најдов во училиште и ја удрив, па се степавме.

Сите беа шокирани затоа што никогаш не бев проблематично дете. Потоа, мошне брзо мама одлучи да нè засолни во Кипар“ – вели таа.

„Сето тоа боли. Тоа само го потиснувате и тоа никогаш не може да пројде, не може да се заборави и не може да престане да боли“ – вели Анастасија присетувајќи се на немилите настани од детството.

Цеца помина три месеци во затворски притвор во 2003-тата година, а потоа во 2011-тата година беше осум месеци во куќен притвор со електронска алка во нејзиниот дом.

Цеца во минатото говореше за настаните, но и за тоа како Анастасија го поднела сето тоа.

„Анастасија го славеше својот петти роденден, а покрај себе немаше ниту татко, ниту мајка, ниту тетка. Тоа засекогаш ќе го помнам, но не е проблемот што јас помнам, туку што и таа го помни.

Тоа е жалосно. Мене не ми е жал за мене, туку за тоа што таа го запомни.

Тоа е дел од нејзиното детство, а таа не беше ниту виновна ниту должна. Фала Богу, израсна во убава и здрава девојка и тоа го сметам за сопствен успех. Најважно е што таа е здрава личност“ – рече Цеца во 2019-тата година.

Инаку, за потсетување во 2003-тата година Цеца Ражнатовиќ беше осудена на затворска казна заедно со нејзината сестра Лидија Оцокољиќ, откако фолк-пејачката призна дека противправно присвоила пари од трансферот на 10 фудбалери на Ф.К. Обилиќ во странски клубови и без дозвола имала 11 пиштоли.

Слични Вести
Menu