Повеќе од 10.000 луѓе од Србија и регионот потпишале петиција за забрана за објавување негови видеа на YouTube.
„Во име на немилиот случај што се случи, ги молам сите луѓе да ја потпишат петицијата за забрана на појавувањето на Бака Прасе, бидејќи неговите видеа предизвикуваат омраза и инает“, се вели во описот на петицијата.
Пред два дена Бака Прасе објави видео на својот канал на Јутјуб во кое зборува за врската со инфлуенсерката која трагично почина минатата недела.