Српската Тина Тарнер која има 71 година, со витка линија

На пејачката Неда Украден која го има епитетот српската Тина Тарнер годините не и можат ништо.

Пејачката на својот „Инстаграм“ редовно објавува фотографии од својот приватен живот, а овој пат ги воодушеви сите.

Имено, таа објави фотографија од новогодишно снимање и воодушеви со својата витка линија.

Неда позираше во долг фустан со високи шлиц до колковите, а следбениците ја опсипаа со позитивни коментари.

Пејачката ја нарекуваат и „Српска Тина Тарнер“ бидејќи потсетува на популарната ѕвезда во Америка, како со својот стас, глас, така и својата енергија.

Слични Вести
Menu